Англија
Сатон ги прогнозираше мечевите од ПЛ: Сити конечно ќе се израдува, Јунајтед ќе остане со празни раце на „Олд Трафорд“
Пред нас е 19. коло во Премиер лигата, коло кое ќе се игра во неколку дена односно од денеска, па се до 1 јануари кога силите во лондонската пресметка ќе ги одмерат Брентфорд и Арсенал.
Доста екипи посакуваат враќање на победнички патеки, идеален крај на годината, меѓутоа јасно е дека неколку клубови на проблематичен начин ќе ја завршат оваа 2024. Крис Сатон како поранешен англиски репрезентативец и сегашен колумнист на „Би-Би-Си“ редовно има можност да даде свој совет и типови за средбите од најквалитетната англиска конкуренција, па според него ќе имаме мирно коло во кое ќе нема меч со повеќе од три погодоци.
Сатон очекува славје на водечката тројка на табелата Ливерпул, Арсенал и Челси, верува дека Манчестер Сити конечно ќе дојде до три бода и тоа против Лестер на „Кинг Пауер“, но и смета оти Манчестер Јунајтед ќе доживее ново разочаруавање и ќе биде поразен од Њукасл на „Олд Трафорд“.
Типови на Сатон:
Лестер-Манчестер Сити 1-2
Кристал Палас-Саутемптон 1-0
Евертон-Нотингем Форест 1-1
Фулам-Брентфорд 2-1
Тотенхем-Вулверхемптон 2-1
Вест Хем-Ливерпул 0-2
Астон Вила-Брајтон 2-1
Ипсвич-Челси 0-2
Манчестер Јунајтед-Њукасл 1-2
Брентфорд-Арсенал 0-1
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…