Поврзете се со нас

Италија

Сасуоло се засили со напаѓач од Интер

Објавено

на

Во ситуација кога Џакомо Распадори е пред заминување од Сасуоло, a Џанлука Скамака веќе потпиша за Вест Хем, клубот реши да најде соодветна замена во нападот и изборот падна на напаѓач на Интер.

Се работи за 23-годишниот Андреа Пинамонти, кој никогаш не доби вистинска шанса во редовите на Интер и најчесто играше како позајмен играч во друг италијански тим.

Сега Пинамонти ќе потпише четиригодишен договор со Сасуоло и ќе ја заврши својата етапа во составот од Милано, а „нероазурите“ од овој трансфер ќе заработат солидни 20 милиони евра.

Пинамонти утре треба да ги мине лекарските прегледи, а ќе заработува по 2,4 милиони евра од сезона.

Последната сезона го носеше дресот на Емполи и постигна 13 гола на 37 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни