Поврзете се со нас

Италија

Сасуоло постави цена за трансфер желбата на Интер, Милан и Рома

Објавено

на

Сасуоло е екипа која секогаш има интересни играчи во своите редови, играчи кои го привлекуваат интересот на поголемите клубови, па така е летово каде калчолигашот ќе има многу потешкотии да го задржи 23-годишниот Давиде Фратези.

Фратези е италијански репрезентативец кој ја покрива средината на теренот, а за неговите услуги интерес има од Интер, Милан и Рома. Во таборот на Сасуоло се свесни за интересно и јавно порачаа за која сума се подготвени да се откажат од услугите на Фратези.

-Цената е околу 35-40 милиони евра, тоа е она што ние сметаме дека е вредноста на играчот. Ние не сме клуб кој сака војна за наддавање. Секогаш сме биле јасни за цената што ја бараме, порача директорот на прволигашот Џовани Карневали.

Давиде има договор до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни