Поврзете се со нас

Италија

Сасуоло остана без својата прва ѕвезда

Објавено

на

Сасуоло сезонава игра послабо од очекувањата и се наоѓа во долниот дел на табелата во Серија А, а денеска клубот потврди и дополнителен проблем.

Првата ѕвезда, Доменико Берарди заработил повреда на менискусот на едното колено и ќе мора да оди на операција, што е најава за подолга пауза.

Берарди се повредил на вчерашниот тренинг на „зелено-црните“ и денеска било потврдено дека проблемот мора да се санира со оперативен зафат.

Засега не е јасно колку ќе отсуствува Берарди, а за фудбалерот ова е проблем и поради претстојното Европско првенство и желбата да биде дел од италијанската репрезентација на него.

Сасуоло е на два бода од опасната зона, а викендов гостува кај незгодната Монца.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни