Поврзете се со нас

Италија

Сасуоло му се заканува на Милан: Постигнавме многу добри резултати…

Објавено

на

Милан е на добар пат по подолга пауза да го врати Скудетото во своите витрини, но за да се случи тоа ќе мора да го положи последниот испит во актуелнава кампања во Серија А, гостувањето кај Сасуоло.

Тоа е средба на која „росонерите“ треба да останат непоразени за да го освојат пехарот, односно само еден бод ќе им овозможи славје кое една деценија го очекуваат клубот и големата база на навивачи.

Меѓутоа дефинитивно свој збор ќе имаат и домаќините кои еднаш веќе го добија составот од Милано во сезоната (3-1), па имаат намера одново да се надигруваат и пробаат да го изненадат фаворитот.

-Мислам дека нема да направиме ништо поразлично од вообичаеното, на секој натпревар пристапуваме со труд и професионализам. Токму тој менталитет ни овозможи да постигнеме толку добри резултати оваа сезона и не гледам причина сега да се однесуваме поинаку, -рече Џакомо Распадори.

Слична порака испрати и директорот Џиовани Карневали.

-Јасно е дека има големи очекувања за неделниот натпревар и имаме извонреден број барања за билети. Тоа ќе биде фестивал на фудбалот и натпревар одигран со најголема професионалност, па сакаме да го добиеме најдобриот можен резултат, -порача Карневали.

Оваа средба како и таа меѓу Интер-Сампдорија се игра в недела од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни