Поврзете се со нас

Италија

Сасуоло го предупреди Јувентус за Локатели: Чекаме…

Објавено

на

Мануел Локатели имаше добро издание на Европското првенство и со тоа го привлече вниманието на клубовите, но и си ја зголеми цената на пазарот, па тоа неговиот сегашен клуб Сасуоло сака максимално да го искористи.

Премиерлигашот Арсенал го сакаше Локатели и понуди 40 милиони евра плус бонуси, но играчот не сакаше да замине во Англија порачувајќи дека желба му е да заврши во Јувентус.

Сега се очекува калчолигашите да седнат на маса и да пробаат да ги надминат сите пречки, различни ставовите, а во пресрет на најавените преговори директорот на Сасуоло, Џовани Карневали испрати јасна порака, предупредување до италијанскиот великан.

-Чекаме соодветен предлог, во спротивно Локатели ќе остане во Сасуоло. Ќе го затвориме нашиот трансфер пазар во првите неколку денови од август, -порача Карневали.

Јувентус не е во најдобра финансиски кондиција, додека пак Сасуоло нема потреба да продава по секоја цела што значи не е исклучена опцијата италијанскиот репрезентативец да остане во сегашната средина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни