Поврзете се со нас

Македонија

Саша Ќириќ се вклучи во обидот за спас на Вардар и го најави Феликс Магат како можен спасител!

Објавено

на

Судбината на најдобриот македонски клуб и шампион од сезоната што беше прекината, Вардар, се уште е крајно неизвесна.

Клубот им должи многу плати на своите играчи и е во огромен долг, па токму затоа не ја доби потребната лиценца за настап во европските натпреварувања иако финишираше како првопласиран во нашиот шампионат.

За спас на Вардар прво се појави поранешниот бугарски репрезентативец, Благо Георгиев, но се чини дека сега од таа опција нема да има ништо.

За ронка надеж на скопјани се јави еден од милениците на вардаровата публика и прославен македонски фудбалер кој остави длабок печат во Германија, Саша Ќириќ.

Ќириќ на социјалните мрежи објави дека имал разговори со првиот човек на„ FLYERALARM GLOBAL SOCCER“,  фирма која се занимава со инвестирање во фудбалски клубови.

Претседател на оваа германска фирма е легендарниот Феликс Магат кој изразил подготвеност да му помогне на Вардар откако слушнал за каков клуб се работи.

Веќе се остварени контакти и со градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, но како што јавува Ќириќ работата е се уште крајно неизвесна и поради пандемијата од Ковид-19 која спречува чести патувања меѓу двете земји.

Објавата на Саша Ќириќ ви ја пренесуваме во целост:

– Би споделил неколку детали околу ситуацијата со Вардар, за да не се отиде во погрешна насока или да не се шират дезинформации. Со желба на било каков начин да му се помогне на клубот во оваа тешка ситуација, стапив во контакт со германската фирма „ FLYERALARM GLOBAL SOCCER“, чија основна цел е инвестирање во фудбалски клубови. Тие се веќе делумни сопственици на FC Flyeralarm Admira Wacker од австриската бундес лига и на Fc Würzburg Kickers, новиот член на втората бундеслига во Германија. Исто така, тие се главен спонзор на германската женска бундеслига. Главен човек и раководител на фирмата е Феликс Магат, познат германски фудбалер и тренер, инаку мој поранешен тренер и добар пријател.

– После првичните разговори и мое објаснување за каков фудбалски бренд се работи, се појави интерес кај нив и побараа подетални информации. По остварената средба со градоначалникот Шилегов и водечките луѓе на Вардар, им ги доставив деталните информации за целата ситуација со клубот. Тука, покрај проблемот со долгот, кој е неколку милионски, и одредени правни проблеми, го имаме и проблемот со коронавирусот, кој оневозможува нормално патување на луѓе то ест некој да влезе во нашата земја, и потоа да се врати во својата земја, а да не оди во карантин. Да не се лажеме, никој нема да префрли неколку милиони само со два три телефонски повици и со мејлови. За тоа да се заврши треба луѓето да дојдат и да ја снимат целата ситуација, да седнат со сите инволвирани страни и да го решат проблемот (како и Бугарите кои веќе 3-4 пати доаѓаа). Надеж се уште постои, но тоа зависи само од нив.

– За жал, времето е тој луксуз кој го немаме, ама ако ништо, барем да пробаме да помогнеме. Да не се каеме после дека не сме пробале. Паралелно бараме со одговорните во Вардар помали средства за да стартуваат „Тетовче“ и момците со подготовките, а исто така и со одредени момци од „Комитите“ размислуваме за одредени идеи како да се помогне на клубот. Штета е што повеќе луѓе не се активни околу барање спас на клубот, затоа што би имале повеќе можности за спас, да не останаме само на овие две. Најмногу ми е жал што не можам да му ја честитатм 73-годишнината на клубот со некоја позитивна вест, – напиша Ќириќ.

Многу од фановите, но и пошироката фудбалска јавност во Македонија се надеваат на позитивен исход од целата оваа ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни