Поврзете се со нас

Италија

Сари жали за една одлука: Тоа ми е најголема грешка во кариерата

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Маурицио Сари чека понуда која ќе ги задоволи неговите апетити и посакува проект кој ќе му донесе стабилност во период од две или три години, откако и самиот нагласи дека не се гледа уште долго во тренерските води.

Искусниот италијански стручњак во едно од последните интервјуа најави дека ќе им се посвети на младинските категории за три години отсега, но пред да добие нова шанса за вршење на тренерската функција, Сари се наврати и на својата кратка, но слатка авантура во Премиер лигата.

Сари го водеше Челси една сезона и во Лондон ја освои првата голема титула во кариерата (Лига Европа), го водеше тимот до третото место во Премиер лигата, а загуби од Манчестер Сити во финалето на Купот.

Сосема неочекувано, по само 12 месеци во Челси тој реши да се врати во Италија, а гледајќи од оваа перспектива, Маурицио смета дека направил огромна грешка.

– Тоа беше фундаментална грешка, најголема во мојата кариера. Имав услови за да останам, иако знаев дека постојат големи шанси да не ја довршам втората сезона познавајќи го трендот во ерата на Абрамович. И покрај тоа, требаше да останам во кругот на Премиер лигата.

– Завршивме трети зад Ливерпул и Сити, ја освоивме титулата во Лигата на Европа и загубивме во финалето со Сити во Лига Купот. Направив огромна грешка што морав да ја избегнам. Желбата да се вратам во Италија мораше да биде помала од останување во Премиер лигата. Морав да имам поголема желба за останување во Премиер лигата, – вели Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни