Поврзете се со нас

Италија

Сари за можната преселба во Саудиска Арабија: Можам ли таму да пушам?

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Искусниот италијански стратег, Маурицио Сари веќе три години го води тимот на Лацио, период во кој има подеми и падови, период во кој имаше и конфликти со првиот човек Клаудио Лотито.

Кога е во прашање Лотито се е возможно и тоа многу добро го знае Сари кој има поминато низ доста работи во кариерата, па ги остава отворени сите опции во кои е вклучена и преселба во Саудиска Арабија.

Запрашан за тоа дали би заминал на Блискиот Исток, Италијанецот кој е познат како страствен пушач во свој стил порача:

-Саудиска Арабија? Можам ли таму да пушам? Ќе видиме. Сепак тоа не е сега на програмата. Ако размислувам за иднината, би сакал да бидам тренер на Лацио во Фламинио. Тоа е проект во кој Лотито верува, дури и ако очигледно сака гаранции, -рече тренерот на лацијалите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни