Поврзете се со нас

Италија

Сари за двете ѕвезди на Лацио: Тие не можат да играат заедно

Објавено

на

Составот на Лацио не успеа да го совлада Олимпик Марсеј (0-0) на вечерашниот меч во Лига Европа.

Калчолигашот иако играше во својот дом на „Олимпико“ немаше решение за гостите, но без разлика на ремито тренерот Маурицио Сари беше задоволен од тоа што неговата екипа го прикажа против францускиот прволигаш.

-Ова беше добар настап против многу добар тим. На почетокот ни недостасуваше острина, додека во последните 30 минути можевме да направиме повеќе со малку среќа. Се чинеше дека можеме да го надминеме ќор-сокакот во секој момент, така што има малку жалење поради резултатот. Изгледавме солидно, верувавме до крај во победата и речиси да успеавме тоа да го направиме, -рече Сари кој воедно порача дека Сергеј Милинковиќ Савиќ и Луис Алберто не можат да играат заедно.

-Во овој момент Милинковиќ-Савиќ и Луис Алберто не можат да играат заедно. По последниот натпревар сфатив дека тоа нема да се случи. Ако играме против подефанзивен противник, тогаш би можеле да го пробаме тоа, но го гледавме Луис на тренинзите во последните неколку дена и решивме дека му одговара подобро кога натпреварот се игра со побавно темпо.

-Денеска ги подготвивме вертикалните додавања на многу специфичен начин и Данило Каталди е длабоко поставен плејмејкер кој одговара на мојот фудбал, но Лукас Леива има менталитет и искуство. Ќе ги искористам и двете, -порача искусниот Италијанец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни