Сари: Во Италија постои опсесија за потреба од ротации

sari

Маурицио Сари ќе се обиде да го врати Јувентус на победничките патеки по ремито со Фиорентина, а новинарите денеска од него побарале потврда за тоа дали ќе направи промени во составот по тешкото гостување кај Атлетико Мадрид.

Но, Сари има поинаков концепт и вели дека во неговата земја непотребно толку често се зборува за ротација на составот.

– Постои некоја опсесија за ротации во италијанскиот фудбал. Во Англија минатата сезона мојот тим одигра околу 60 натпревари, а некои тимови тоа го прават со 14 фудбалери. Ќе ја следиме ситуацијата и ако има заморени играчи, ќе менуваме. Сепак, за добри резултати мора да имате континуитет на најважните позиции, – вели тренерот на Јувентус.

Facebook Коментари