Сари укинал две забрани за фудбалерите на Челси наметнати од Конте

Maurizio-Sarri

Маурицио Сари сака да воспостави подобра атмосфера во соблекувалната и да изгради поблизок однос со фудбалерите на Челси, па затоа решил да укине неколку забрани на својот построг претходник, Антонио Конте.

Англиските медиуми тврдат дека токму влошените односи на релација менаџер-фудбалери имале големо влијание врз одлуката на Челси да го отпушти Конте, па Сари се обидува да го неутрализира овој проблем и да направи подобра атмосфера.

Тој ја укинал забраната за фудбалерите да преспиваат во семејните домови вечерта пред натпреварите, односно тие морале да бидат заедно во еден од лондонските хотели.

Исто така, веќе не важат забраните во однос на исхраната и специфичната диета која ја наметнал Конте, а која според таблоидите, предизвикувала големо незадоволство меѓу фудбалерите.
Ова би требало да му помогне на Сари да добие подобар одговор од фудбалерите по разочарувачката сезона во која Челси не успеа да избори ниту пласман во Лигата на шампионите.

Facebook Коментари