Поврзете се со нас

Италија

Сари си замина, Лацио ја прекина серијата на лоши резултати (ВИДЕО)

Објавено

на

Лацио влезе во лоша серија на резултати, а тоа кулминираше со заминување на тренерот Маурицио Сари кој крена раце и си поднесе оставка од екипата која вечерва против Фрозиноне беше водена од неговиот асистент Џовани Мартушело.

Мартушело успеа да донесе нова енергија и лацијалите се изборија за славје од 3-2 на овој меч.

Лирола прв погоди за Фрозиноне, ама потоа Закањи и Кастелјанос (2) донесоа целосен пресврт и водство на гостите од 3-1.

До крајот Кедира ги врати домаќините во игра, меѓутоа ништо повеќе од тоа или поточно трите бода завршија на контото на клубот од Рим.

Лацио сега има 43 бода, прв меч по паузата им е оној со Јувентус на кој треба да дебитира новиот тренер Игор Тудор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни