Поврзете се со нас

Лига Европа

Сари се пожали од валканата тактика на Холанѓаните: Не гаѓаа со урина!

Објавено

на

Лацио загуби од Феенорд на гостувањето на „Де Кујп“ и тоа беше најлошо можно сценарио за Италијанците, бидејќи поразот од 1:0 значеше дека тие испаѓаат уште во групната фаза на Лига Европа и се селта во Конференциска лига.

Во групата во која Феенорд, Митјиланд, Лацио и Штурм освоија по осум бода, тимот од Рим имаше трета најлоша гол разлика и мора да се задоволи само со европска пролет во Конференциската лига, а за разочарувањето да биде уште поголемо, се погрижиле домашните навивачи од Ротердам.

Маурицио Сари смета дека навивачите на Феенорд ја преминале границата на нормалното и употребиле ужасна тактика од трибините, бидејќи клупата на Лацио била гаѓана со урина.

– Навивачите на домашниот тим отидоа предалеку. Видов ќеси полни со урина, тие беа фрлани од трибините кон нашата клупа за резервни играчи.

– Не може да не се потенцира и да не се каже ова. За мене тоа изгледаше навистина иритирачки, – се пожали Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни