Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сари се надева на нов тактички пропуст од Баерн: Нема потреба да трчаме 2 километри повеќе од нив

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Маурицио Сари беше максимално задоволен од изданието на неговиот Лацио на првиот меч против Баерн, но уште тогаш нагласи дека неговиот тим ќе го чека „пекол“ на гостувањето во Минхен.

Лацио вечерва ќе го почне реванш осминафиналето со предност од 1:0, но Сари е убеден дека овој резултат нема да биде доволен за пласман во наредната рунда, и смета дека само со храбар и јуначки пристап ќе можат да му нанесат штета на противникот.

Сари е свесен дека Баерн ќе тргне со сите сили по голот на „лацијалите“, но се надева дека од Германците ќе дочека нов тактички пропуст, нешто што стана многу често за составот на Тухел во последно време.

– Мора да бидеме одлучни во тоа што го правиме и мора да бидеме храбри. Свесни сме колку ќе биде тешко, мора да покажеме спортски дух, да бидеме пожртвувани и да бидеме свесни дека ништо не е невозможно во фудбалот.

– Баерн Минхен е топ тим, може лесно да постигне гол, не смееме да седиме и да се браниме 100 минути. Тоа ќе биде лоша идеја, мора да имаме храброст да ги повредиме и офанзивно. Убеден сум дека ќе тргнат посилно од првиот меч, но тоа не значи дека ние треба да трчаме повеќе од нив. Нема потреба да трчаме 2 километри повеќе од нив, мора да бидеме паметни во клучните моменти. Се надевам дека ќе ни остават простор, бидејќи Баерн во последно време често знае да го загуби својот тактички баланс, – изјави Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни