Поврзете се со нас

Италија

Сари се исповеда и изненади со планот кој го има за својата тренерска кариера

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Маурцио Сари си замина од Лацио и по своја иницијатива го напушти тимот кој влезе во сериозна резултатска криза, откако искусниот стручњак едноставно почувствува дека играчите повеќе немаат верба во неговите идеи.

За да не претставува товар до крајот на сезоната, Сари самиот си ги спакува куферите и без дозвола од Лотито си замина од тренинг кампот, по што првиот човек на клубот беше приморан да ја прифати неговата оставка.

Сари сега е слободен агент и вели дека е отворен за нови предизвици во фудбалот, но во интервјуто за „Газета“ изненади и откри дека ќе биде дел од фудбалот уште најмногу две или три години.

– Мојот план е да се пензионирам за две или три години, а потоа ќе се посветам на мојата сфера, на работата со млади играчи. Сакам да им помогнам на луѓето кои имаат голема заслуга за она што јас го направив последниве години.

– Пред неколку дена застанав да гледам тренинг на деца до 12 години и повторно го видов вистинскиот фудбал. Се врартив дома со насмевка на лицето. Тоа е она што ќе го правам за две или три години, – вели Сари, кој не пропушти да нагласи дека негова најголема инспирација во фудбалот е Ариго Саки.

– Ариго е еден од ретките кои го променија фудбалот. Има ера пред и после Ариго Саки кога е во прашање фудбалот во минатиот век, – потенцира Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни