Сари сака да му помогне на Роналдо да го стигне Меси: Ми пречи тоа што…

sari

Предводникот на италијанскиот шампион Јувентус, Маурицио Сари е подготвен да му помогне на Кристијано Роналдо на анулира еден минус во однос на Лионел Меси, а тоа е бројот на освоени „Златни топки“.

Капитенот на Барселона во месец декември дојде до шестото признание за најдобар играч на светот со што го остави зад себе некогашниот ривал од Реал Мадрид (5).

-Сакам да му помогнам на Роналдо да ја освои шестата Златна топка. Ми пречи тоа што друг играч има повеќе од него. Размислувам за тоа и тоа е цел за мене и целата екипа. Сакаме да му помогнеме затоа што сметаме дека заслужува, -рече Сари.

Инаку напаѓачот на Јуве ја освојуваше „Златната топка“ во 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017 година, додека пак Лео триумфираше во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година.

Facebook Коментари