Поврзете се со нас

Италија

Сари: Роналдо и Дибала едвај „преживуваат“ заедно, Пјаниќ треба да сфати едно нешто!

Објавено

на

Фудбалот во Италија се враќа на голема врата за два дена, бидејќи во петок навечер ќе стартуваа возбудувањата на Апенините со фантастичната дерби пресметка меѓу Јувентус и Милан во Копа Италија.

По повеќе од три месеци пауза, фудбалските натпревари се враќаат на програмата во Италија и фановите со нетрпение го очекуваат дуелот кој ќе се игра во Торино, а како најава за овој дерби меч, Маурицио Сари направи едно подолго интервју за „Скај Спорт Италија“ во кое посебно привлече вниманието со изјавите кои ги даде за три ѕвезди од првиот тим.

Сари е често критикуван поради тоа што Дибала пречесто го остава на клупата за резерви, но искусниот Италијанец потенцира дека тоа е така бидејќи Аргентинецот едвај преживува со Кристијано Роналдо на теренот.

– Дибала е феноменален играч, но наша потешкотија е тоа што тешко преживуваат на теренот двајца атипични играчи како Пауло и Кристијано Роналдо. Тие тешко преживуваат во една иста постава, но тие се двајца играчи кои секогаш прават разлика. Не е лесно на тактичко ниво да ги користите заедно во текот на цел меч, но понекогаш го адаптирам тимот за да се случи тоа. Како и да е, мора да кажам дека ова се слатки проблеми за мене, – изјави Сари.

Тренерот на Јувентус даде свој коментар и за играчот кој најмогу се споменуваше во измиантиот период, Босанецот Миралем Пјаниќ кој се поврзува со трансфер од Торино.

– Пјаниќ сега ми изгледа во подобра форма од тоа што беше пред карантинот. Зборував со Миралем, тој е фантастичен играч и не смее да си дозволи да има четири или пет лоши натпревари како што се случи во последно време. Тој се согласи со мене, имаше потешкотии да реагира, но треба да сфати едно нешто. Мора да се убеди сам себе дека е фантастичен играч. Може да има еден лош меч, но веднаш после тоа треба да се издигне и да реагира. Мислам дека ова беше позитивно ментално патување за него и дека ќе се врати најдобар по паузава, – нагласи Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни