Поврзете се со нас

Италија

Сари разочаран откако бил изигнориран од неколку клубови: Заслужив да бидам сослушан

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Маурицио Сари е без ангажман откако пред неколку месеци реши да го напушти Лацио, а во своето последно интервју зборувал искрено за актуелната ситуација.

Иако вели дека одморот му дошол одлично, посебно по проблемите во последниот период на клупата на Лацио, искусниот стручњак смета дека е неправедно изигнориран од неколку клубови кои беа во потрага по нов тренер.

– За жал, ниту еден италијански клуб не ми се јави.

– Искрено, тоа ме разочара, бидејќи имаше испразнети места во клубови за кои сметав дека сум соодветен избор.

– Нормално дека претседателите ќе донесат конечна одлука, но мислам дека заслужив барем еден 15-минутен разговор. Дали мислам на Милан и Фиорентина? Тоа дефинитивно се две екипи кои ми одговараат.

– Разбирам дека дел од клубовите сакаат да се фокусираат на млади стручњаци, но искуството има голема вредност во фудбалот. Видете ги екипите кои ги освоија европските купови сезонава, тренерите беа на возраст од 63, 65 и 66 години, – рекол Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни