Поврзете се со нас

Италија

Сари пред рестартот на сезоната: Нема фаворит за Скудетото, најважна е една работа

Објавено

на

Маурицио Сари во вчерашното интервју кое го направи за „Скај Спорт Италија“ беше исклучително искрен и нагласи дека многу му е тешко да ги вклопи Пауло Дибала и Кристијано Роналдо во стартна постава, но денеска даде изјава и за официјалната телевизија на Јувентус.

При излагањето, Сари во прв план го стави рестартот на сезоната, во кој како што вели тој, Јувентус нема да ја има улогата на фаворит, бидејќи со новите услови, нема простор за било какви претпоставки.

– Во ваква ситуација, не можеме да говориме за фаворит за Скудетото. Сите тимови ризикуваат да загубат многу бодови, но истото важи за сите и условите се исти за сите, – изјави Сари.

Тренерот на Јувентус ја брка својата прва титула во Серија А во првата сезона како тренер на италијанскиот великан, па иако ќе се смета за голем неуспех ако на крајот не стигне до тоа, тој вели дека за него приоритет е да биде завршена оваа кампања без оглед на исходот.

– Најважна работа е да се заврши сезоната и ако здравствената ситуација го дозволи тоа, мора да ги следиме сите протоколи и да го избегнеме новиот карантин. Најдобро за сите ќе биде да се заврши овој шампионат, се друго е во втор план, – нагласи Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни