Поврзете се со нас

Италија

Сари по поразот на Лацио: Ме загрижува менталитетот на тимот…

Објавено

на

Лацио не ја оправда улогата на фаворит и загуби од Салернитана со 2-1 во првата средба од денешната програма во Серија А.

Гостите од Рим имаа предност по првото полувреме, но во вториот дел му дозволија на противникот да даде два гола, го сврти резултатот и ја запише првата победа во актуелнава кампања.

Тренерот Маурицио Сари е загрижен поради резултати, играта на екипата.

-Направивме премалку, нема смисла да ги користиме оние што отсуствуваа како оправдување, ниту неверојатна судиска грешка, бидејќи јасно е дека Норберт требаше да биде исклучен. Ако ги тргнеме на страна инциденти и ги анализираме целокупните перформанси, направивме многу малку. Има играчи кои не се на истото ниво како минатата сезона и јасно е дека одговорноста исто така треба да биде моја ако тие не играат.

-Ме загрижува менталитетот на тим кој се бори повторно да се најде себеси. Понекогаш Лигата на шампионите може да направи чуда и да се надеваме дека ќе обезбеди поинаков менталитет, -порача Сари.

Сега пред лацијалите се три средби во низа на домашен терен и тоа во три различни натпреварувања против Селтик, Калјари и Џенова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни