Поврзете се со нас

Италија

Сари откри на што се должи значително подоброто усогласување меѓу Роналдо и Дибала

Објавено

на

Јувентус влегува во 30-то коло во Серија А со четири бодови предност во однос на главниот конкурент Лацио, па откако тимот на Маурицио Сари успешно одговори на гостувањето кај Џенова, утре пред избраниците  на италијанскиот стручњак е големото дерби против градскиот ривал.

Јуве на домашен терен ќе го пречека Торино во натпревар со кој ќе биде отворена саботната програма во Серија А, па пред истиот, Сари денеска ја одработи стандардната прес-конференција и издвои неколку детали кои ги забележал на дуелот со Џенова.

Маурицио смета дека неговите фудбалери не ја искористиле добрата тимска игра на најдобар начин, па повторно се потпреле на индивидуалниот квалитет со три спектакуларни гола кои ги постигнаа Дибала, Роналдо и Коста. Сепак, наспроти ваквиот заклучок, Сари се радува што неговиот тим делува доста подобро на теренот, а уште повеќе што се посинхронизирано на теренот изгледаат Роналдо и Дибала, играчи за кои тој претходно велеше дека тешко можат да играат заедно подолг период.

– Роналдо и Дибала сега играат многу поблиску на теренот и затоа се наоѓаат меѓусебно многу повеќе од претходно. На тренинг имаат посебни вежби за да се пронаоѓаат во празен простор на теренот, – откри Сари кој смета дека клучно на утрешниот натпревар ќе биде да се влезе максимално мотивирано.

– Станува збор за дерби и знаеме дека мора да бидеме мотивирани поради повеќе причини. Тие сигурно ќе имаат голем мотив да играат против нас и треба да ги неутрализираме со нашиот мотив. Ако не го направиме тоа, ќе биде навистина комплицирано, – смета Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни