Сари откри интересна забрана воведена за фудбалерите на Челси

sari

Челси вечерва го победи БАТЕ Борисов во натпревар од Лига Европа, а менаџерот Маурицио Сари беше актуелен уште пред натпреварот поради една изјава дадена пред средбата.

Италијанскиот стручњак им откри на англиските новинари дека им забранил кревање тегови на фудбалерите на Челси, а за тоа има објаснување.

– Не користиме тегови за време на тренинзите во вежбална. Работиме само поприродни вежби, никој не крева тегови, јас не сум видел фудбалер да трча на терен со тегови на себе, – истакнал Сари.

Facebook Коментари