Сари: Не ни се падна тимот од кој најмногу стравувавме, Лион ќе го анализираме во февруари

sari-mikro

Јувентус помина доста добро за време на понеделничката ждрепка и го доби Лион во осминафиналето во Лигата на шампионите, епилог по кој стана јасно дека италијанскиот првак ќе влезе како апсолутен фаворит во пресметките со францускиот претставник, уште повеќе ако се знае дека Мемфис Депај нема да игра до крајот на сезоната.

Павел Недвед самиот призна дека се задоволни од добиениот противник, додека Маурицио Сари нагласи дека позитивно е што не го добил противникот од кој најмногу стравувал, а тоа е Реал Мадрид.

– Во овој момент, мојот интерес за дуелите со Лион е еднаков на нула. Зборуваме за натпревари кои ќе дојдат после 70 дена, а измеѓу ќе има и трансфер пазар. Ќе одиграме уште 15 натпревари до тогаш, па ако правиме анализа уште сега, таа сигурно ќе биде погрешна. Нашиот најголем страв беше Реал Мадрид, се друго беше добро за нас. Ќе го анализираме Лион како што треба во февруари, – порача тренерот на Јувентус.

Facebook Коментари