Поврзете се со нас

Италија

Сари не го крие разочарувањето: Ова не е спорт, туку профитабилно шоу

Објавено

на

Лацио ќе мора да го заборави поразот од Болоња бидејќи веќе утре за противник го има актуелниот италијански првак Интер.

Маурицио Сари нема да смета на суспендираниот Ачерби во одбраната, а во најавата за средбата дал интересна изјава поврзана со денешниот фудбал.

– Секој месец играме по седум натпревари за 19 дена, фудбалерите тренираат повеќе во репрезентациите, отколку во својот клуб.

– Ова веќе не е спорт, туку шоу во кое многу страни се обидуваат да заработат пари. Можеби сум стар за вакво нешто, јас сум поврзан со еден друг вид фудбал.

– Очекувам моите фудбалери да покажат реакција за последниот пораз, повеќе како луѓе, отколку како фудбалери. Можеби е подобро што играме против Интер, бидејќи фудбалерит ќе бидат помотивирани, што е многу важно во ситуација кога се враќаат од настапи за националните тимови, – изјавил Сари.

Дербито Лацио-Интер се игра во сабота од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни