Поврзете се со нас

Лига Европа

Сари најави дека ќе ги подбере арогантните ѕвезди на Лацио: Јас сум одговорен, но….

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио доживеа вистински потоп на гостувањето во Данска и загуби со 5:1 од Митјиланд, пораз кој посебно го потресе и искусниот стручњак на клупата на Италијанците.

Маурицио Сари излезе со доста респектабилен состав на натперварот во Лига Европа, но домашниот тим беше подобар и помотивиран во секој поглед и режираше лекција која долго ќе ја паметат играчите и навивачите на Лацио.

Сари ја презема одговорноста за неуверливото и срамно издание, но посочи дека ќе бара одговори и од играчите за арогантното однесување на теренот.

– За жал, Лацио понекогаш воопшто не се појавува на теренот, а во Европа е уште полошо кога ќе го напрваите тоа. Напредувавме во овој поглед, но денеска повторно ни се случи такво нешто. Воопшто не бевме понизни, мислевме дека имаме лесен проблем за решавање, но со ваков менталитет, не добивате ништо во фудбалот.

– Одговорноста е моја и јас ќе се справам со играчите. Ќе барам објаснување од нив, бидејќи видов неизмерна ароганција и незаинтересираност. Стоевме во место како да водиме со 4:0, а не да губиме со четири гола разлика, – изјави Сари по поразот од 5:1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни