Поврзете се со нас

Италија

Сари на мала врата се враќа во италијанскиот фудбал, два познати тима го сакаат за менаџер

Објавено

на

Искусниот италијански стратег, Маурицио Сари по крајот на оваа сезона би можел да седне на клупата на некој тим од Серија А.

Името на поранешниот стратег на Челси и Јувентус се поврзува со тимовите на Наполи и Фиорентина кои мака мачат со настапите оваа сезона.

Сари има се уште валиден договор со Јувентус до 2022 година кој може да биде раскинат по крајот на оваа сезона доколку Јувентус му исплати 2.5 милиони евра на стратегот.

Тоа би значело дека тој ќе биде слободен да преговара со неговиот поранешен тим Наполи со чиј сопственик, Аурелио Де Лаурентис не е во најдобри односи, како и со челниците на Фиорентина кои очигледно не се најзадоволни од работата на Чезаре Прандели.

Најавите од Италија говорат дека Сари дури и се сретнал со првите луѓе на Фиорентина минатата недела, но агентот на стратегот негираше таква средба.

На почетокот на сезоната Сари се поврзуваше и со премин во Рома, но засега таква опција е исклучена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни