Сари му возврати на Куртоа и испрати јасна порака за ситуацијата на Азар

sari-eden

Тибо Куртоа го навлече гневот меѓу фановите на Челси со начинот на кој изнуди трансфер од „Стемфорд Бриџ“, па иако првично одлучи да се збогува со емотивна порака на социјалните мрежи, на крајот мораше да го брише постот поради навредите кои ги доби.

Белгискиот чувар на мрежата вчера и официјално беше претставен во Реал Мадрид и на промоцијата уште толку ги испровоцира фановите на лондонскиот клуб, бидејќи јавно го повика Еден Азар да му се приклучи во најдобриот клуб во светот.

Ваквата изјава на Куртоа беше тема на разговорот и на денешниот прес кој го одржа Маурицио Сари, а менаџерот на Челси му возврати на чуварот на мрежата со тоа што испрати и директна порака до Реал Мадрид за ангажманот на белгискиот капитен.

– Не знам како да го искоментирам односот на Куртоа, мислам дека имаше лични причини да го направи тоа што го направи, затоа не сакам да навлегувам во тоа. Еден Азар е со нас, тој не е никаков проблем. Разговарав со него три или четири пати и никогаш не ми спомна ништо за трансфер. Тој е среќен тука, невозможно е да си замине од Челси сега кога се затвори трансфер пазарот, – порача Сари.

Facebook Коментари