Поврзете се со нас

Италија

Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус

Објавено

на

Лацио вчера избори бод и сигурен пласман во Лига Европа со голот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ постигнат буквално во последните секунди од натпреварот со Јувентус.

Римскиот клуб успеа барем малку да ја расипе емотивната вечер во која навивачите се простуваа со Џорџо Кјелини и Пауло Дибала, а српскиот фудбалер постојано е поврзуван со трансфер токму во торинскиот клуб.

Сепак, неговиот актуелен тренер Маурицио Сари тврди дека нема да се случи такво сценарио.

– Зборував со претседателот и тој ме увери дека нема лесно да се откаже од Милинковиќ-Савиќ.

– Дури и да се случи тоа, нема да остане во Италија, туку ќе биде продаден само на клуб од друга земја, – изјавил Сари.

Интерес за Србинот покажуваат и ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни