Сари ја објасни замената на Роналдо: Ќе беше полошо ако не беше лут

Serie A - Lecce v Juventus

Маурицио Сари очигледно го изиритира Кристијано Роналдо со раната измена, па Португалецот испрати неколку нервозни пораки на својот мајчин јазик напуштајќи го теренот во 55. минута.

По победата на Јувентус над Милан, тренерот Маурицио Сари потврди дека одлуката била негова.

– Мора да му бидеме благодарни на Роналдо поради тоа што воопшто и беше со нас во една тешка ситуација. Направи се што можеше да игра како што посакува, но забележав дека не се чувствува добро и сметав дека е најдобро да го повлечам од игра.

– Природно е фудбалер да биде иритиран кога го напушта теренот, посебно кога работи толку напорно за да биде таму, – потенцирал Сари.

– Изминатиов месец има проблем поради еден удар кој го заработи на коленото и повреден му е лигаментот. Тоа му влијае на перформансите и затоа не е во најдобра форма. Сите играчи кои се заменети имаат свои пет минути во кои се вознемирени, но тренерот би бил уште повознемирен ако нема таква реакција, – вели Сари.

Facebook Коментари