Сари со изјава која ги налути навивачите на Јувентус: Јувентус не изгледа добро? – Се грижам само за моето здравје…

sari

Јувентус оваа година не изгледа препознатливо и доминантно како сезоните наназад, па опасно им е доведена во прашање титулата во Серија А.

Вчера, Јувентус забележа тешко реми на натпреварот против Милан во рамките од Купот на Италија и тоа со гол постигнат од пенал во последните моменти од  натпреварот.

Сари по натпреварот беше запрашан за тоа зошто Јувентус не изгледа добро, на што искусниот стратег даде одговор кој ги налути навивачите на клубот.

– Не сум загрижен затоа што единствена вистинска грижа во животот е здравјето. Незамисливо е тимот да расте постојано, ова е спорт и многу зависи за физичките и психички можности на играчите. Нашиот раст стагнира последните три недели, примаме голови кои треба да се избегнат. Примивме само два голаповеќе од најдобрата одбрана во Серија А, но тоа и не е некоја голема работа, -изјави Сари.

Facebook Коментари