Сари издвои два фаворити за трофејот во ЛШ

sari

Предводникот на англискиот премерлигаш Челси, Маурисио Сари го искажа својот став и ги посочи главните фаворити за трофејот во Лигата на шампионите.

Шпанскиот гигант Реал Мадрид во последниве години доминира во елитното натпреварување (три титули во низа), но според Сари оваа година некој други екипи ќе го имаат главнит збор и неговиот тип е Манчестер Сити и Јувентус.

-Оваа сезона има два кандидати за пехарот во ЛШ: Јувентус и Манчестер Сити. Мојот став отсекогаш бил дека тимот на Гвардила е доволно зрел за да го направи завршниот чекор на европската сцена, но ќе треба да бидиме каде ќе бидет шпанските тимови во март. Работите се менуваат брзо во ЛШ, -истакна Италијанецот.

Facebook Коментари