Поврзете се со нас

Италија

Сари испофали еден играч на Лацио: Ме воодушевува уште од времето во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Маурицио Сари постојано се соочува со непотребен притисок во Лацио и тоа се случува и во третата сезона како предводник на тимот од Рим, кој вчера врза три победи во низа после тешкиот период кој го остави зад себе.

По триумфите над Селтик и Калјари, „лацијалите“ вчера славеа и во Купот против Џенова, а Сари по натпреварот им одговори на критичарите, но истовремено го испофали и играчот на мечот, Матео Гендузи.

– Го изгледав мечот со Калјари пред неколку дена и имавме навистина добри перформанси. Единствено што недостасуваше е да го „убиеме“ мечот порано. Тука сум веќе три години и изгледа како постојано да сме во криза.

– Некој прави да изгледа како да сме цело време во криза, Лацио е во криза и кога победува на три меча во низа. Сметам дека играме добар и брз фудбал, но понекогаш не го затвораме мечот кога тоа е потребно, – изјави Сари и додаде.

– Матео е момче со неверојатна енергија и фантастичен карактер. Тој обожава предизвици, се залага максимално на секој меч. Во моментов е во фантастична форма, но морам да признатм дека ме воодушевува и импресионира уште од времето во Премиер лигата. Неговата енергија секогаш ми привлекувала внимание, – додаде тренерот на Лацио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни