Сари го воочи најголемиот недостаток во Челси уште на официјалната промоција

sari-kiselanasmevka

Маурицо Сари одби да даде точен одговор дали Тибо Куртоа и Еден Азар се пред заминување во Реал Мадрид, но затоа немаше проблеми да го воочи најголемиот проблем во Челси при својата официјална промоција како менаџер на лондонскиот клуб.

Искусниот италијански стручњак го наследи Антонио Конте на клупата на „сините“ од Лондон, порачувајќи дека неговиот сонародник во последната сезона се соочил со еден голем проблем, односно недостаток на квалитет на средината на теренот.

– Не можам да споменам одредени имиња бидејќи јас се уште не ги знам овие играчи кои сега ги имам на располагање. Разговарав со одговорните луѓе на клубот и во идеални услови, им посочив дека делот од теренот каде што фали квалитет е централниот ден на средината. Останатите делови се покриени на многу високо ниво, – порача Сари кој со оваа изјава јасно им стави до знаење на Абрамович и неговите помошници дека приоритет ќе биде да се купат играчи за врска.

Facebook Коментари