Сари го искажа својот став и испрати порака за иднината на Азар и Куртоа

Маурицио Сари пред неколку дена и официјално беше промовиран како нов тренер на Челси, клуб во кој ќе има јасна задача да ги врати победите, насмевките, но и да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Сепак на самиот старт на патувањето во Лондон италијанскиот стратег се соочува со одредени проблеми, неизвесност околу иднината на дел од најзначајните играчи на „сините“. Станува збор за белгиските репрезентативци Еден Азар и Тибо Куртоа кој се поврзуваат со Реал Мадрид и веќе се споменува одреден пакет вреден над 200 милиони евра. Токму Сари го даде својот став на овие шпекулации притоа иставајќи пораки во свој стил.

-Јасно е дека сакаме да ги задржиме нашите најдобри играчи. Тоа го сака секој тренер и тоа го сака секој клуб, но ќе видиме како ќе се движи трансфер пазарот во следните денови. Морам да признаам дека подобро се чувствувам како тренер, отколку генерален менаџер. Јас сум еден од малкуте тренери на кој трансфер пазарот им е здодевен, не сакам да зборувам за тоа и не сум заинтересиран за тоа. Нашата цел како тренери е играчите со кои располгаме да напредуваат, -рече Сари кој нема намера телефонски да го бара Азар и да го убеде да остане во Челси.

-Искрено не размислувам за тоа. Играчите за кои зборувате се на високо ниво и сакам да ги задржам. Ама телефонски повик без да ги погледнам во очи не ми дава сигурност и искреност. Сакам  да се сретнам лице во лице, да зборувам и да видиме која е најдобрата работа за сите. Претходно исто сакам играчот да дојде со мене на теренот четири пет дена за да добијам јасна идеја за тоа каков е, -дополни Италијанецот во свој стил.

Facebook Коментари