Поврзете се со нас

Италија

Јувентус му додели отказ на Маурицио Сари

Објавено

на

Шпекулациите на медиумите за отказот на Маурицио Сари денеска станаа реалност, откако најугледните италијански новинари објавија дека е донесена одлука за крај на соработката со искусниот тренер.

Сари имаше неубедлива прва сезона зад себе, иако стигна до титулата во италијанскиот шампионат каде Јувентус заврши со само еден бод повеќе од второпласираниот Интер.

Јувентус вчера беше елиминиран од Лион, а претходно претрпе порази и во Суперкупот на Италија и во Купот на Италија каде беше победен од Лацио, односно Наполи.

„Спорт Италија“ пишува дека првите луѓе на Јувентус го контактирале Маурисио Покетино кој би можел да го замени Сари на клупата на „Старата Дама“.

Освен Покетино, се споменува и името на Масимилијано Алегри, а не е исклучена опцијата да се ангажира и Антонио Конте доколку тој добие отказ од Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни