Сари експресно дозна со што ќе се соочува кога ќе го вади Роналдо од игра (Видео)

sari-ronaldo

Маурицио Сари претрпе пораз на драматичното деби кое го имаше како тренер на клупата на Јувентус, бидејќи неговиот тим најпрво успеа да се врати од негатива во пресметката со Тотенхем, пред да прими сензационален гол во 93-та минута со кој тимот од Англија оствари победа од 3:2.

Италијанскиот стручњак стартуваше со прилично силен состав во споредба на оној со кој излезе Покетино, но по еден час игра, одлучи да им даде шанса на новите фудбалери, а истовремено дозна и со што ќе се соочува во иднина кога ќе го вади Кристијано Роналдо од игра. Португалецот е познат по тоа што никогаш не сака да излезе порано од теренот, а тоа денеска го дозна и Сари кој очигледно мораше да му даде мало објаснување на Кристијано за својот потег.

Facebook Коментари