Поврзете се со нас

Италија

Сари дрско возврати на жестоката прозивка која ја доби од Моџи

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лучијано Моџи важи за еден од најконтроверзните фудбалски работници во историјата на италијанскиот фудбал, но како поранешен директор на Јувентус, секогаш предизвикува големо внимание со своите изјави.

Во обид да му даде голема поддршка на тренерот Масимилијано Алегри, Моџи не заборави да нагласи дека падот на Јувентус почнал со Маурицио Сари, кој според него, вистинска среќа е што останал само една година во Торино.

– Јувентус е втор на табелата со Алегри, не знам што повеќе барате од него? Зарем сакате да завршиме како со Сари. Тој беше доведен за да ја поправи играта, а во една година, само го уназади цел клуб. Ризикуваше да го загуби Скудетото кое го имаше практичо освоено. Ако останеше уште една година, Јувентус ќе испаднеше во Серија Б, – гласи изјавата на Моџи, по која брзо реагираше Сари.

– Што се однесува на изјавата на Моџи, се ставам во ситуација да му одговарам на некој кој беше суспендиран од фудбалот. Вистината е дека последното Скудето на Јувентус дојде под мое водство, а историјата вели дека во еден век, Јувентус единственото испаѓање го имаше со него како директор.

– Покрај тоа, Јувентус заработи бодовна казна во Серија Б наредната сезона. Не знам што се крие зад неговата изјава, но ова што јас го кажав се факти, – возврати Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни