Сари и Де Лаурентис ги продолжуваат преговорите во втора рунда

adl-sari

Сопственикот и тренерот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и Маурицио Сари денеска ја остварија најавената средба, со која официјално ги започнаа преговорите на кои се решава иднината на досегашниот предводник од клупата.

Италијанските медиуми тврдат дека првата рунда преговори била успешна и постои оптимизам дека Сари ќе остане во Наполи, при што ќе добива и поголема плата и дополнителни бонуси.

Зголемувањето на годишната плата до 3,8 милиони евра без бонуси е главниот адут на Де Лаурентис, а деталите од договорот ќе бидат посебно разгледани на втората средба која двајцата треба да ја имаат деновиве. Доколку Сари остане, ќе биде елиминирана и откупната клаузула во неговиот договор, но ако на крајот двете страни не најдат заеднички јазик, се шпекулира дека нов тренер на Наполи би можел да биде Карло Анчелоти.

Facebook Коментари