Поврзете се со нас

Италија

Сари бара трпение за Имобиле: За него е важно…

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио ги освои трите бода во дуелот со Фиорентина и тоа со гол од пенал во судиското продолжение, гол на капитенот Чиро Имобиле.

Ова е важен триумф за лацијалите, трет во низа во Серија А што значи дека тимот полека се враќа во посакуваниот ритам.

-Ова беше тежок натпревар што беше лесно да се предвиди. Фиорентина направи малку повеќе од нас во првото полувреме, но мислам дека го оправдавме резултатот со многу силен настап во вториот дел каде создадовме три или четири големи шанси. Тоа беше натпревар на работ на жилет, но ние го заслуживме тоа со второто полувреме, -истакна тренерот Маурицио Сари кој побара трпение за напаѓачот Имобиле кој не е во најдобра форма сезоната, а притоа имаше одредени проблеми со повреда.

-Реков пред натпреварот дека го чекаме Чиро и никој не се сомнева во него. На Кастелјанос му оди добро во моментов и правилно е да го искористиме, додека за Имобиле е важно редовно да тренира, бидејќи ја немаше таа можност во последниот месец. Неговите последни два тренинзи изгледаа подобро, само се надевам дека ќе може да ја постигне таа конзистентност и потоа наскоро ќе се врати на 100 проценти, -заклучи Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни