Поврзете се со нас

Свет

Сарачевиќ итно пренесен во болница откако му се слошило по победата во хрватското дерби

Објавено

на

Прославеното ракометно име Златко Сарачевиќ, вечерва итно е префрлен во болница, откако му се слошило по дерби натпреварот на неговиот тим Подравка.

Средбата во Копривница завршила со победа на Подравка против Локомотива, а Сарачевиќ покрај тоа што вообичаено го водел својот тим, по средбата дал изјава и за медиумите, – пренесуваат хрватските медиуми.

Сарачевиќ ги пофалил своите ракометарки кои успеале да ги освојат бодовите и покрај влошената атмосфера по клубот поради серијата порази во женската Лига на шампиони.

Непосредно откако ја дал изјавата, Сарачевиќ се пожалил дека не му е добро и итно е префрлен во болница.

Сарачевиќ е легенда на хрватскиот и југословенскиот ракомет, со југословенската репрезентација стана светски првак во 1986 година, освои олимписка бронза во Сеул со Југославија и олимписко злато во 1996 година со Хрватска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни