Поврзете се со нас

Македонија

Сара Ристовска за стереотипите во спортот: Еднаквоста е сѐ поприсутна во спортскиот свет

Објавено

на

Една од најдобрите македонски ракометни репрезентативки, Сара Ристовска, во интервју во рамките на проектот „Кршиме родови стереотипи во спортот“ зборуваше за дел од своите искуства на спортските терени во текот на својата досегашна кариера.

Таа успеа да издвои малку од своето драгоцено време за да одговори на неколку наши прашања, чии одговори следуваат во продолжение.

Дали како жена во спортот, се имаш соочено со родово-базирани бариери во твојата спортска кариера?

– Познато е дека во спортот има голема разлика меѓу мажите и жените. Посебно во колективните спортови. Во секаков поглед поголем акцент е ставен на машкиот спорт. Но сите се спремиме да се подобруваат и да се изедначат правата меѓу жените и мажите. До сега се немам соочено, можеби во неколку наврати во репрезентацијата, но се стремиме да бидеме и работиме на истиот пат. Успесите многу придонесуваат, па така и односите понатаму. Самите ги создаваме правата и како поминуваат многу бројни првенства и овие Олимписки Игри, покажаа дека навистина еднаквоста е присутна и очигледна.

Дали ги уживаш истите права како и ракометарите?

– Јас искрено давам се од себе за да можам да имам подобри услови и се стремам кон тоа да си го овозможам. Правата се многу битни, размислување и ставот исто така треба да бидат јасни и конкретни за да придонесат поголемо почитување.

Дали имаш ист третман при твојот тренинг, при патувања, натпревар и слично?

– Секој има различен третман. Конкретно да се потенцира нешто, не би можела да конкретизирам. Но, наброените се сосема различни едно од друго.

Дали сметаш дека Европските држави повеќе го поддржуваат и промовираат женскиот ракомет, и би можела да издвоиш некој позитивен пример од европските ракометарки или ракометни клубови?

– Земјите од Скандинавија, Шпанија, Франција, Германија, Романија, Русија… тие се познати по својата ракометна школа, обучување, начинот на тоа како го гледаат и играат ракометот. Самите репрезентации покажуваат многу. Секои генерации само го надополнуваат и продолжуваат нивото и стандардот на претходните. Тоа е многу значајно и голем показател на нивната работа и пожртвуваност.

Дали по завршување на твојата кариера како ракометарка се гледаш како спортска работничка во ракометот или имаш други планови?

– Има моменти и периоди кога размислувам на таа тема. Сепак мислам дека е се уште рано да гледаме во таа малку далечна иднина. Но, би сакала да помогнам и да пренесам свое знаење. Имам уште многу цели што сакам да ги постигнам до момент кога треба да се размислува каде и како себе си се гледам по завршување на кариера. Спорт е една преубава работа и обврска а воедно и љубов, треба да се искористи секоја прилика додека може да се ужива во истата,- заврши Ристовска.

 

Интервјуто е спроведено во рамки на проектот „Зајакнување на девојки преку спорт“, поддржан од амбасадата на Франција во Скопје.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни