Италија
Сапонара со маестрален лоб ја откажа Рома и ја испрати Специја во куп четвртфиналето (Видео)

Рома се врати од два гола негатива, но не издржа со два играча помалку во продолжението и го загуби дуелот со Специја од осминафиналето на италијанскиот куп (2:4).
Специја поведе рано, уште во 6. минута, кога Галабинов реализираше од белата точка и ги најави проблемите за Рома на оваа средба на „Олимпико“.
Само девет минути подоцна, Сапонара го зголеми водството на гостите, но тоа не беше доволно за Специја да го добие натпреварот во регуларните деведесет минути.
Рома доби пенал пред крајот на полувремето, кој во гол го претвори Пелегрини, додека израмнувањето го донесе Мхитарјан во 73. минута. Во завршницата најпрвин Мајорал промаши зицер за домаќините, а потоа и Специја имаше голема шанса, но Пау Лопез не дозволи трет гол во неговата мрежа.
Само што започна продолжението, дојдоа уште поголеми проблеми за „волчицата“. Најпрвин Манчини доби втор жолт картон и исклучување, а само една минута подоцна, голманот Лопез реагираше несмасно надвор од шеснаесетникот и тој беше испратен во соблекувална.
Со двајца фудбалери повеќе Специја успеа да поведе во 107. минута преку Верде, а точка на натпреварот стави Сапонара, кој со маестрален лоб успеа да ги постави конечните 2:4 и да ја испрати Специја во четвртфиналето на италијанскиот куп, каде противник ќе биде Наполи.
Saponara with a lovelyyy chippic.twitter.com/i7zWuPgdHm
— Karim (@Futball_Karim) January 19, 2021

- Англијапред 22 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 21 час
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 23 часа
Вардар конечно победи во Лигата на шампионите, во Скопје оружјето го положи Елверум
- Лига на шампионипред 20 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 22 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 21 час
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 11 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Англијапред 24 часа
Нема крај на проблемите за Клоп: Додека го чека враќањето на Гомез и Ван Дајк, сериозна повреда заработи Хендерсон