Поврзете се со нас

Светски првенства

Сантош: Роналдо им рече на Србите…

Објавено

на

Селекцијата на Португалија го загуби клучниот меч против Србија на домашен терен и со тоа остана без директен пласман на Светското првенство во Катар.

Тоа беше големо разочарување за Португалците на кои им одговораше и нерешен резултат за да дојдат до посакуваната цел, резултат кој го имаа до 90 минута кога Александар Митровиќ со глава ја мести топката во мрежата на Руи Патрисио за 2-1 за нашиот северен сосед.

Сега Португалците ќе мораат да играат дополнителни мечеви, бараж во кој еден од противниците може да биде и Македонија. Пред ждрпеката која е закажана за неколку дена селектор Фернандо Сантош се отвори и отворено говореше за тоа што се случува во репрезентацијата која по освојувањето на европската титула и Лигата на нации е во пад.

-Имаме многу осцилации од 2018 година. Оттогаш игра нов тим, со различни карактеристики од претходниот. Имавме многу добри периоди, па во 2019 година ја освоивме Лигата на нации, ја победивме Италија… Имавме две слаби натпревари, овие два со Ирска во квалификациите и две очајни: против Германија на ЕП и сега против Србија. Првото полувреме против Србија беше многу лошо, само полоши бевме против Германија. Зошто? Став, концентрација, се беше… Планот едноставно не успеа. И тоа е моја одговорност, -истакна Сантош кој проговори и за ситуацијата со Кристијано Роналдо по последниот судиски свиреж во Лисабон.

-Кога заврши натпреварот, разочарувањето беше брутално. Играчите паднаа на теренот, некои ги наведнаа главите… Излегов на теренот да ги поддржам играчите и кога минав покрај Кристијано го слушнав како му вели на еден српски играч: „Да не ми го украдеа третиот гол (во натпреварот во Белград), сега не би се смееле. Само отидов да ги поддржам другите играчи, -рече искусниот стратег кој призна дека неговиот тим има проблеми кога противникот игра со тројца играчи во одбраната.

-Секогаш имавме проблеми кога противникот играше со тројца играчи во одбраната. Со Белгија и Швајцарија, на пример. Не се чувствуваме удобно на теренот во тие ситуации. Имам време, верувам дека ќе го решам и тој проблем. Ќе направиме одредени промени за играчите да бидат комотни на теренот, без разлика на противникот, -порача Сантош.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни