Поврзете се со нас

Светски првенства

Сантош претпазлив пред баражите: Ќе зборуваме за финале ако тие ја поминат Македонија, а ние..

Објавено

на

Стратегот на селекцијата на Португалија, Фернандо Сантош не размислува за финалето во бараж средбите за пласман на Светското првенство затоа што е свесен дека пред себе во репрезентацијата на Турција има тежок противник.

Искусниот стратег претходно најави дека ваквите натпревари се лотарија и дека нема да избрзува со изјави за сигурен пласман во финалето, потоа потенцирајќи дека и Италија ќе има тешка задача против Македонија.

Иако многумина  ја посакуваа нашата репрезентација како противник, веќе сите се свесни дека избраниците на Благоја Милевски можат да им наштетат дури и на најголемите фаворити.

– Бесцелно е сега да зборуваме за евентуалното финале со Италија. Како што кажа Манчини, ќе зборуваме за финалето ако тие ја поминат Македонија, а ние Турција.

– Наша цел сега е да се фокусираме да ја победиме Турција затоа што тоа ќе биде наш најважен натпревар во следниот период, -потенцираше Сантош.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни