Свет
Сантош: Кристијано погрешно ја разбра мојата одлука, се немаме слушнато од мундијалот

Фернандо Сантош се запиша во историјата како селекторот кој и ја донесе големата европска титула на Португалија, но на крајот неговиот мандат заврши доста разочарувачки, но и со своевиден раскол во соблекувалната поради тоа што го налути капитенот.
Сантош беше отпуштен од Португалија по елиминацијата на Светското првенство, а поразот од Мароко беше надополнет со неиграње на најголемата ѕвезда во стартната постава, капитенот Кристијано Роналдо.
Голгетерот не беше во почетните 11 и беше огорчен од односот на селекторот со кого претходно беше многу близок, а иако оттогаш поминаа цели 11 месеци, Сантош открива дека во ниту еден момент се нема слушнато со Роналдо.
– Сега би ја донел истата одлука, тоа беше стратешка одлука за доброто на тимот. Јас секогаш го ставам тимот на прво место, тоа не беше лесна одлука и поради лични причини, поради пријателството кое го имавме.
– Едноставно тој не беше во ритам, беше надвор од ритам како никогаш претходно поради случувањата во Манчестер Јунајтед. Пробавме да го вратиме во најавата за мундијалот, но не беше така како што посакувавме. Ако го поминевме Мароко и потоа Франција, можеби ќе беше стартер на следниот меч. Кога му се јавив да му кажам дека нема да биде стартер, лошо ја разбра мојата одлука и го немам слушнато оттогаш. Но, повторувам, повторно би ја донел истата одлука и сигурен сум дека еден ден ќе се сретнеме и дека ќе се сеќаваме на добрите моменти кои ги имавме заедно, – вели Сантош.
Искусниот стручњак по отказот од Португалија замина во Полска, но и таму мина доста лошо и заработи отказ после само неколку месеци.
-
Англијапред 19 часа
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 17 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Светпред 20 часа
Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)
-
Италијапред 15 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 22 часа
Конкуренција за Гарначо: Тривела-магија во Англија се издвојува како сериозен кандидат за „Пушкаш“ наградата (Видео)
-
Англијапред 4 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 14 часа
Издвои три имиња: Белингем „знае“ кој ќе ја освои наградата „Златно момче“ за 2024 година
-
Италијапред 23 часа
Де Лаурентис лудувал по поразот од Интер: Ова е грабеж!