Поврзете се со нас

АТП

Санторо за поразот на Ѓоковиќ: Дури и неговиот ментален склоп не го издржа притисокот

Објавено

на

Поранешниот француски тенисер Фабрис Санторо го анализирал финалето на Ју-Ес Опен и победата на Данил Медведев над Новак Ѓоковиќ.

Санторо смета дека дури и еден Ѓоковиќ кој поставува стандарди за ментална подготвеност, не можел да го издржи притисокот кој го донесе ова финале.

– Колку и да е ментално силен Ѓоковиќ, можноста да стигне до календарски грен-слем и 21. грен-слем титула, очигледно донесе преголем притисок и за него.

– Факт е дека тој е ментално најсилен тенисер во светот, но исто така беше соочен со џиновски притисок.

– Губењето на првиот сервис го убиваше, никако не можеше да се ослободи од тој притисок. Имаше шанси за брејк, а кога не ги искористи стана понервозен и се обвинуваше себеси најмногу за вториот сет.

– Генерално, мислам дека Ѓоковиќ беше немоќен во однос на тактичкиот избор кој го направи. За да ја примени својата тактика, му беа потребни повеќе топки и удари, се играше на начин кој не му одговара на Новак. Медведев беше фантастичен, играше брзо и не сум изненаден за прецизните удари од основната линија. Поточно, изненаден сум што Ѓоковиќ не ги издржи тие размени на удари, – изјавил Санторо во анализата за „Лекип“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни