Поврзете се со нас

АТП

Санторо: Надал доминираше две децении, тој е пример за сите

Објавено

на

foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Рафаел Надал е на добар пат да ја заврши својата импресивна тениска кариера со тоа што се уште останува отворено дали ќе биде во оваа календарска година.

Шпанецот загуби од Саша Зверев во првото коло на Ролан Гарос, но на интервјуто по мечот не можеше да потврди дека ова ќе биде негов последен настап на Френч Опен, односно порача дека се уште нема донесено конечна одлука.

Сепак повеќе од јасно е дека се ближи крајот, завршува една убава тениска приказна која траеше долго, приказна која ги импресионираше сите фанови, но и самите играчи, поранешни и сегашни.

-Рафаел Надал беше доминантен две децении. Тој му овозможи на Новак Ѓоковиќ да биде подобар, го инспирираше Карлос Алкарас, тој е идол на Ига Швјонтек, тенисерката број еден која е доминантна во женскиот тенис.

-Тој е модел на теренот и надвор од него, примерен, скромен, фер е кон сите, дури и кога наоколу нема камери и тоа мора да се нагласи, -порача некогашниот француски ас Фабрис Санторо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни