Поврзете се со нас

Репрезентација

Сањол: Стојам зад она што го кажав за Македонија уште пред стартот на овој циклус

Објавено

на

Вили Сањол дефинитивно е најпознато и најзвучно име од селекцијата на Грузија, на која од пред извесно време е лидер во улога на селектор.

Поранешниот француски репрезентативец допрва треба да се докажува како фудбалски стручњак, но како новопечен во оваа работа, веќе видел какви квалитети поседува македонската репрезентација и само нагласи дека избраниците на Боби Милевски сосема заслужено се фаворити за првото место во нашата група во Лигата на нации.

– Се уште стојам зад моите зборови од пред почетокот на овој нов циклус во Лигата на нации. Македонија е селекција која играше на Европско првенство, ја победи Италија во баражот и за жал загуби од Португалија. Игра одличен фудбал последниве две години и натаму останува фаворит во оваа група. Сепак, зборовите се едно, а делата друго. Силата во фудбалот се покажува на терен, а ние ќе видиме како ќе се покажеме таму.

– Македонија требаше да победи во Бугарија, имаше повеќе шанси, а потоа одигра сериозен меч на вештачка трева против Гибралтар. За мене, третиот меч може да биде најважен и сметам дека тоа ќе биде така, – изјави Сањол на денешниот прес во Скопје, а се огласи и за историски болниот пораз кој го претрпе Грузија од Македонија во Тбилиси во баражот за ЕП.

– Тоа што се случи пред повеќе од една година нема значење за мене. Јас не бев селектор на таа селекција и на овој меч не гледам како одмазда. Да, Македонија е должник за моите фудбалери, но ова се други околности. Играме исто натпреварување, но се друго е различно, други селектори. Не треба да мислиме на тоа што се случило пред 18 месеци, да мислиме на тоа што го направивме изминатите седум дена, на двете победи. Ако продолжиме така, ако го задржиме духот и интензитетот, може да се вратиме во Тбилиси со убави спомени од Скопје, – заврши Сањол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни