Поврзете се со нас

Германија

Сањол смета дека Баерн ќе погреши со Сане, има предлог во кого да се инвестираат парите

Објавено

на

Вили Сањол е поранешен фудбалер на Баерн Минхен и многу често ги коментира актуелностите поврзани со актуелниот лидер во германската Бундеслига.

Сањол во моментов соработува со Радио „Монте Карло“ и таму како одличен познавач на фудбалот повторно зборувал за трансфер шпекулациите во кои се споменува Баерн.

Французинот вели дека трансферот на Лерој Сане е лоша идеја и наместо тоа има друг предлог за Карл-Хајнц Румениге и неговите соработници.

– Сане воопшто не се совпаѓа со потребите на актуелниот тим на Баерн, исто така и поради својот нестабилен карактер, поради кој и досега имаше проблеми во Манчестер Сити и репрезентацијата.

– Велат дека Сане чини 80 милиони евра, јас би предложил да додадат уште 20 милиони и да го купат Хаверц, – вели Сањол кој настапуваше за Баварците меѓу 2000 и 2009 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни